Еклстон: Мислам дека Хамилтон нема да се врати на гридот

Поранешниот шеф на Формула 1, Берни Еклстон, застана во редот на оние кои сметаат дека седумкратниот шамион Хамилтон нема повеќе да се враќа на Формула 1 гридот во иднина.

Гласините околу иднината на црномурестиот британец започнаа по последната трка во Абу Даби која тој ја загуби заедно со титулата, а шефот Тото Волф откри дека начинот на кој била менаџирана трката го натерало да го преиспита своето идно учество во спортот. Луис не беше присутен на гала вечерта кога се доделуваа наградите од различните тркачки серии кои ФИА ги поддржува.

не сум разговарал со хамилтон по трката во абу даби, но пред неколку денови разговарав со татко му. некако почувствував и тоа многу брзо дека нема да ми одговори ако го прашам за иднината на хамилтон, така што разговорот беше деловен.

не знам, но јас некако сметам дека тој нема да се врати во спортот затоа што е премногу разочаран, а на некој начин и го разбирам. со седум титули колку и михаел шумахер, сега е вистинско време да го започне својот моден бизнис кој толку многу го сака – смета господин е.

Запрашан дали Мерцедес ќе загубат доколку го немаат Луис на гридот, Берни изјави:

така е, но луис може да загуби во 2022 година. кој да знае какви ќе бидат болидите и конкуренцијата, а во џорџ расел ќе има амбициозен колега, така што јас не сум убеден. да не го заборавиме и верстапен во кој хамилтон по долго време најде достоен колега.

91-годишникот се осврна и на контроверзниот крај на трката во Абу Даби и начинот на кој Мајкл Маси раководеше со истата.

имаше многу работи кои тргнаа наопаку во последните кругови. директорот на трка маси можеше да си олесни ако ја сопре трката со црвено знаме по сударот на латифи. потоа ќе имавме супер финале помеѓу макс и луис и тоа ќе траеше три кругови. работите не беа добри и мора д асе променат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ