Екслтон за Доменикали: Тој е добар човек

Поранешниот Формула 1 супремо, Берни Еклстон, смета дека Стефано Доменикали, човекот за кој “на големо“ се шпекулира дека ќе ја превземе функцијата на Главен извршен директор на Формула 1 е добар човек.

По превземањето на спортот од страна на американците од Либерти Медиа, Берни беше отстранет од шефовското место, а на негово место беше поставен американецот Чејс Кери, но Еклстон и Кери никогаш не се согласуваа.

Сега, кога се појавија вести дека Кери ќе биде заменет со Стефано Доменикали, Еклстон изјави дека тој е добар човек.

Стефано ме побара за совет. Тој е добар човек и треба да му се верува. Многу е поврзан. Треба да видиме дали ќе биде доволно силен во овие кризни времиња – смета господин е.

Еклстон е моментално со својата сопруга и нивното новородено бебе во домот Швајцарија.

Среќни сме што имаме безбеден дом во Гстад повеќе од 30 години. Корона пеколот продолжува во Англија и Бразил.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ