Жу е одличен во Алфа и заслужува нов договор

Од Алфа Ромео најавуваат продолжување на договорот на единствениот кинез на гридот, Гуанју Жу, бидејќи ги исполнил сите очекувања на тимот. 

Кинезот ги импресионираше сите откако освои поен на своето деби во Бахреин, а потоа дојде и до топ 10 пласман во Канада. Најнезгоден момент оваа сезона за него беше излетувањето во Британија, но тој ги доби пофалбите од шефовите за неговите перформанси. 

Фред Васур изјави дека Жу му помогнал на тимот да напредува, да освои поени и само така ќе биде сигурен дека тие ќе го заменат. 

Имавме неколку цели, а тоа е да влезе во К2 и да освои поени. Тој ги исполни целите и сега продолжува да напредува иако имаме проблем со издржливоста.

Не сме му кажале, но навистина сме задоволни со заслужените поени од Монтреал. Тој е одличен во болидот и е добар тимски играч – посочи тимскиот шеф фред васур.

Васур смета дека двајцата возчаи на Алфа Ромео треба да се борат за поени и тоа не треба да му прави притисок на Жу. 

Притисок не е вистинскиот збор, НО треба да се бориме со Алпин и Мекларне и за тоа ни се потребни поени со двата болиди. Тоа е многу важно за нас.

Задоволни сме од него и сакаме возчаите да ни се во удобна позиција. Жу е фокусиран на себе и ние сме фокусирани на него. Задоволен сум од сработеното. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ