Жу не знае дали Латифи бил свесен за сударот

Жу Гуанју се прашува дали Николас Латифи бил свесен дека се удрил во него, инцидент поради кој двајцата предвреме ја завршија трката.

Двајцата се удрија во седмиот круг поради што Жу веднаш ја заврши трката додека Латифи довозе до боксот и таму се паркираше. Латифи објасни дека било негова грешка што не проценил дека Жу се доближува.

Мора да ја видам снимката бидејќи не го видов Жу таму. Очигледно на крајот се повлекуов и се удривме, но не го видов во ретровизорите – откри канаѓанецот кој ги вози своите последни трки во вилијамс.

Кинезот дополни дека од претходните борби сфатил оти Латифи не бил единствениот кој нема прегледност во тие делови од патеката.

Бев изненаден од тоа што нема прегледност. Следно што видов е дека удира во мене. Нема што да зборуваме за тоа, Мислам дека треба да е свесен како и секој возач дека се тркаме тука. Условите беа тешки и мора да се остави простор во тие моменти.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ