Запамтете: Drive To Survive сезона 4 излегува на 11 Март

Нетфликс потврди дека сезонатата б рој 4 од ултрап популарната Drive To Survive серија ќе излезе на нивната платформа на 11 Март.

Претходните три сезони имаа огромен успех особено во Америка каде Нетфликс имаат огромен удел во популаризацијата на спортот, а 4та сезона ќе биде полна со неизвесностите кои ги донесе минатогодишната борба за насловот.

Екиите на Нетфликс беа присутни на сите 22 трки од календарот, а секако дека акцент ќе биде ставен на жестоката борба за титула помеѓу Макс Верстапен од Ред Бул и Луис Хамилтон од Мерцедес. Сепак, актуелниот првак уште на почеток на годината не беше задоволен од преувеличувањето кое американскта стриминг мрежа го правеше во своите серии, така што реши да не биде лично присутен во 4та сезона.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ