Заразениот член на Мекларен е добро

Главниот извршен директор на Мекларен, Зек Браун, потврди дека членот на неговиот тим кој имаше позитивен тест на Ковид-19 вирусот е добро. Позитивниот тест доведе до повлекување на екипата од Вокинт од Австралиското Гранд При, а потоа и откажување на целата трка.

среќен сум што можам да соопштам дека члено на нашата екипа кој беше инфициран со вирусот одлично се опоравува и симптомите кај него исчезнаа, а останатите кои се во карантин се во добро расположение. добиваат огромна поддшка од своите колега, од нашите партнери, од луѓето во формула 1 и фановите низ светот што е фантастично и морам да им се заблагодарам на сите – изјави зек.

Заразениот вработен како и останатите 14 кои биле во контакт со него остануваат во двонеделен карантин во Мелбурн, а група од нивни колеги, на чело со директорот Андреа Стела, останале како поддршка во Австралија. Дополнително, сите кои патувале во Мелбурн се приморани на двонеделна самоизолација како мерка на претпазливост.

фокусирани сме на разговори и преговори со формула 1, со фиа и со другите екипи за да се најде решение за овогодинешниот календар и да се манаџира тимот следните неколку месеци. сеуште е рано, а ситуацијата се менува, така што мораме да останеме флексибилни и ништо да не планираме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ