Заубер ќе дадат максимум за Алфа и покрај преговорите со Ауди

Тимскио шеф на Алфа Ромео, Фредерик Васур, откри дека Заубер се фокусирани да понудат максимум на Алфа Ромео во нивното заедничко партнерство и покрај тоа што во иднина се шпекулира дека Ауди ќе го купи тимот.

Фолксваген групацијата даде првично одобрување за Порше и Ауди да бидат дел од Формула 1 од 2026 година, но се очекува финална и официјална потврда наскоро. Порше веројатно ќе превземе 50% удел во Ред Бул, а се очекува Заубер, кој неколку години се тркаат под брендот Алфа Ромео, да бидат фабрики Ауди тим. Партнерството помеѓу италијанците и швајцарците се обновува секое лето.

пресреќен сум што сме партнери со алфа ромео затоа што не се само наш спонзор туку и партнер со кого заедно развиваме проекти. на крајот на денот, односот помешу алфа ромео и стелантис на една страна и тимот на руга страна е навистина многу добар.

голем дел од заслугата за добрите резултати оваа година се поради тоа, сите си помагаме и работитиме заедно и јас сум навистина горд и уживм во соработката – посочи васур.

Главниот извршен директор на Алфа Ромео, Импарато, изјави дека е веќе завршен договорот за продолжување на соработката со Заубер, иако сеуште тоа не е официјално објавено.

Ауди претходно беше поврзуван со превземање на Мекларен, Вилјас и Астон Мартин, но од скоро главна цел на германците се чини е Заубер.

Фредерик Васур не гледа причина да се панира толку долгорочно до 2026 година, шегувајќи се дека не знае што ќе се случи догодина.

мислам дека прво треба да се потврди ситуацијата со моторите, а потоа мислам дека ауди ќе се ја завршат својата работа во падокот. штом добијат официјална потврда за моторот, веројатно ќе дојдат и кај нас.

највжно е дека денеска сме целосно посветени на проектот со алфа ромео. не сакам да мешам ништо, сакам да им дадеме се од себе и се најдобро на алфа ромео.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ