За Бриаторе, Макс Верстапен е најдобар

Поранешниот шеф на Формула 1 екипи, Флавио Бриаторе, би го избрал Макс Верстапен наместо Шарл Леклер доколку во иднина повторно води некој Ф1 тим.

Но сепак, италијанецот додаде дека доколку би имал пари, би ги донел двајцата возачи поради нивниот талент. 

Би го купил Верстапен. Тој е најдобриот возач во Формула 1 во моментов и го видовме тоа минатата година. Тој има повеќе искуство сега, Се бореше за титулата и победи. Доколку имам пари би ги купил двајцата – откри макс.

За растот на спортот во Америка, дон Флавио смета дека новите правила ќе го зголемат спектаклот. 

Формула 1 е целосно различна. за доброто на сите, Минатата година ја завршивме со неверојатна трка и сега имаме одличен Ферари. Имавме добар дуел што е добро за сите и нема контроверзи. Тоа е добро за Формула 1 и за публиката. 

Италијанецот се надева дека Скудерија ќе се бори во текот на целата година. 

Ферари има конкурентен болид. Се може да се случи во борбата за титулата. Најважно е дека болидот функционира. Се надевам дека ќе успеат до крајот. Се зависи од возачите и стратегијата. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ