Зек Браун се тетовираше предизвикан од Тото Волф

Главниот извршен директор на Мекларен, американецот Зек Браун, откри дека бил преплашен кога се тетовирал како дел од предизвикот од страна на неговиот колега, шефот на Мерцедес, Тото Волф.

Предизвикот дојде како дел од Industry Leaders’ Challenge, основано од страна на Grand Prix Trust, добротворна организација која помага и ги поддржува сите кои работеле во Формула 1 и имаат проблеми подоцна во животот. Волф го номинираше Браун да направи нешто од што се плаши, по што се родила идејата да се тетовира затоа што американецот ужасно многу мрази игли.

Во пресрет на Американското Гранд При во ОСтин, Браун посетил локален салон за тетовирање и истетовирал нешто во чест на скорешната победа на Даниел Рикардо со Мекларен на Монца. Иако конечниот дизајн сеуште не е откриен, се открива дека има мапа на Монца и дата од трката.

понекогаш мора да се соочите со најголемите стравови, тоа го направив јас. ова беше дел од Grand Prix Trust иницијативата каде шеф на тим е номониран секоја година да направи нешто од што се плаши.

тото мене ме номинираше лани, а јас сум преплашен од игли. се обидовме да смислиме нешто уникатно и интересно, а во исто време престрашно за мене и затоа добивме идеја да се тетовирам.

со оглед на тоа што самиот даниел обожава да се тетовира, а поради тоа што скоро победи за мекларен, сметав дека спојувајќи ги тие две работи може да испадне одлична тетоважа на мојата рака – објасни зек браун.

Природата на предизвикот е таков што следува Зек да номинира некој друг познат член од Формула 1 падокот да направи нешто од што се плаши догодина, но Зек не сака да открие кого одбрал.

знам кој ќе биде и знам што ќе направи. треба да номинирам некоја позната личност од спортот. до сега беа тројца тимски шефови по ред, но нема никакво ограничување, може да биде и некој инженер или некој возач, битно е да е некоја значајна личност од спортот поради публицитетот.

на мене е оставено да смислам план, а мислам дека скоро ќе го откријам планот и човекот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ