Извршниот директор на Ферари бара ограничување и кај моторите

Главниот извршен директор на Ферари, Луи Камилиери, смета дека Формула 1 не е нити на почетокот од процесот на дефинирање на правилата за 2021 година и во иднина сака и буџетско ограничување на трошењето за развојот на моторите од страна на производителите.

ФИА по долгите преговори со Либерти Медиа и тимовите ги објави правилата согласно кои ќе се вози тркачката серија. Сите 10 екипи гласааа за новата регулатива, но Камилиери е свесен дека претстои многу работа и верува дека треба помалку да се троши на моторите.

мислам дека она што беше објавено е само почетокот, почетокот на процесите и не е нити крајот на почетокот така што има уште многу работа која сите заедно треба да ја завршиме со формула 1 и фира како и екипите. гласавме за правилата и не го искористивме правото на вето кое го имаме.

ние сме на еден начин задоволни од насоката која се зема и принципите кои се истражуваат, но јасно е дека има уште многу детали за “пеглање“.

буџетското гораничување се однесува само на некои елементи од болидот, а најдобар пример е дека моторот не е дел од никакво ограничување. ние сметаме дека со напредокот ќе дојдеме до ниво кога ќе биде ограничено и трошењето околу самиот мотор – се надева камилиери.

Тој смета дека насоката која Формула 1 ја зема е од корист како за самата тркачка серија, така и за Скудерија Ферари.

имаме ограничувања на користење на динамометарот, нешто што е многу скапо. по 2021 година ограничувањетобуџетското ограничување дури и без проектираниот износ релативно на приходите е голем дел од спонзорството.

колку формула 1 станува позабавна и привлече повеќе фанови ќе створи повеќе приходи што на крајот ќе биде од голема корист на сите тимови и на ферари се разбира.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ