Илот е во добра позиција да влезе во Ф1

Јуниорот на Ферари, британецот Калум Илот, верува дека е во добра позиција да го направи следниот чекор и да влезе во Формула 1 иако оваа сезона не се трка во едноседите. 

Минатата година беше на втора позиција во Формула 2 и не успеа да обезбеди место на гридот, но остана тест возач на Ферари и резервен на Алфа Ромео. Тој во моментов се трка за Линкс во ГТ шампионатот. 

Иако Шумахер, Тсунода и Мазепин обезбедија место во Формула 1, тој верува дека ќе биде во добра позиција да си обезбеди за себе. 

Јуки ги импресионираше сите во Бахреин. Би рекол дека тоа е целта кон која треба да се оди.

Знаеме дека на Мик му требаше малку време, Но мислам дека вршат одлична работа и прашање на време е за мене.

Јас мислам дека сум помеѓу нив двјца. Мислам дека сум во одлична позиција. Ќе почекам уште некое време. Фокусот ми е на најдобар резултат во ГТ и уште некој тренинг во Формула 1 – откри калум. 

На прашање за трета сеона во Формула 2, тој смета дека не му недостасува тркање во едносед. 

Имавме доцна дискусија со Ферари, Но се договоривме да останеме во оваа ситуација.

Завршив втор во шампионатот со пет пол позиции и три победи. Сакам да се тркам во Ф2, Но мислам дека со три трки многу е променето. Важно е како возиш и не може веднаш да се приспособиш

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ