Илот задоволен: Ќе биде интересно да тестирам за Ферари

Калум Илот е нетрпелив да работи со Ферари Формула 1 тимот сезонава откако италијанците од поодамна потврдија дека му доверуваат улога на тест возач на екипата.

22-годишниот британец заврши на 3ро место минатата сезона со 14 поени заостаток зад шампионот Мик Шумахер, но и предност во однос на Јуки Тсунода. Возачот на Академијата на Ферари беше кандидат за Формула 1 место откако го доби потребниот број поени на својата супер лиценца, но на крајот не заработи повик за падокот.

Минатата година Калум имаше три победи и пет пол позуции, дополнителни шест подиуми и убеден е дека ќе се докаже и научи и во новата улога во Ферари.

ќе бидам присутен на најголем дел од формула 1 трките обидувајќи се да научам од тимот и возачите за да се стекнам со формула 1 искуство. ќе одрботам и неколку петочни сесии, ќе тестирам постар болид и ќе работам во симулаторот на екипата.

ќе бидам вклучен многу во формула 1 екипата обидуваји се да научам колку што е можно повеќе, што верувам дека ќе ми се исплати и користи за следната година.

ќе биде многу интересен предизвик, нешто што никогаш порано не сум го правел затоа што секогаш сум бил на тркачката страна во формула 2 или во формула 3. нетрпелив сум затоа што ова ќе биде поинаков предизвик за мене – најави илот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ