Илот нов тест возач на Ферари

Формула 2 ѕвездата, британецот Калум Илот, е потврден за нов тест возач на Скудерија Ферари за наредната сезона. 

Тој заврши на втора позиција во Формула 2 јуниорската тркачка серија веднаш зад Мик Шумахер, кој како шампион заминува во Формула 1 во тимот Хаас. 

Илот имаше пет пол позиции и три победи со тимот УНИ-Виртуоси оваа сезона. Тој е дел од Академијата на Ферари од 2017 година, а претходно беше дел јуниорскиот тим на Ред Бул пред да ја напушти програмата во 2015 година. 

Навистина сум задоволен што ќе бидам дел од Скудерија Ферари како тест возач наредната година. Со нетрпение чекам да почнам со работа со тимот на патеката и надвор од неа и да научам од овој предизвик.

Ќе дадам се од себе за да стекнам искуство и да завршам добра работа. Би сакал да се заблагодарам на Ферари академијата и Скудерија Ферари за оваа шанса и за нивната подршка.

Ми беше чест да сум дел од нивната програма во изминатите три години и задоволен сум што ќе продолжиме понатака – изјави илот.

Тој возеше Ферари од 2018 година во Фиорано со Шумахер и Шварцман оваа година и го одработи за Алфа Ромео тестот за млади возачи во Абу Даби.

Можам да ви кажам причини зошто не ја освоив титулата, но не треба да се правдам. Кога си во топ 3 имаш шанса да се подобриш и да се докажеш.

Извртувањето на втората од четирите трки на Силверстон и инцидентите на Муџело и Бахреин не му помогнаа да се бори за титулата. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ