Илот планира силно да се посвети на Ф1 годинава

Тест возачот на Ферари, младиот британец Калум Илот, планира целосно да се посвети на Формула 1 годинава и очекува да добие шанса на петочни тренинг сесии годинава.

Тој веќе беше дел од приватната тест сесиај на Ферари со две години стар болид на нивната патека во Фиорано минатиот месец и комплетираше 50 кругови во кокпитот на СФ71Х д 2018 година.

тоа беше одличен почеток на годината за да добијам повеќе искуство со тимот и да разберам повеќе за околината во која се работи во формула 1.

чувството беше одлично, исто така и искуството да се вратам со моќен болид. се надевам дека ќе добијам уште шанси годинава – откри по тестот младиот британец.

Согласно најавените планови на Ферари, возачот треба да се појави на неколку тренинг сесии во Петок за време на тркачките викенди откако требаше да вози Хаас на Ајфелското Гранд При лани, но времето, односно невремето му ја уништи таа можност.

калум илот ќе биде наѓ тест возач и ќе вози во симулатор и ќе добие шанса во петок на гранд при викенд, но сеуште не можам да открија за која екипа и кога ќе вози – објасни шефот биното.

Илот ќе се посвети целосно на работа во Маранело оваа година обидувајќи се да ги комбинира своите тест задолженија со тркање во друга серија.

дел од мене сака повторно да се трка во формула 2, но мислам дека ако сте во првите двајца или тројца на крајот од сезоната, немате потреба повторно да се докажувате. треба да целите кон врвот, кон нови предизвици, а тоа нема д абиде лесно, но имам време.

ќе бидм во формула 1 падокот речиси на сите трки, така што ако има потреба ќе можам веднаш д азаменам и сигурен сум дека моето време ќе дојде иако не му посакувам болест или неможност да вози на никого.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ