Илот се надева на повеќе тренинзи со Ферари

Иако неговите планови не се финализирани, тест возачот на Ферари,британецот Калум Илот, се надева дека ќе добие повеќе тренинзи во наредната сезона. 

Иако не ја освои титулата во Формула 2 годинава и заврши на втора позиција, тој не успеа ни да добие место во Формула 1. Како што изгледа, сепак, и улогата на тест возач му одговара на Илот и му го исполнува сонот кој го има од 2009 година. 

Очигледно ова е голема привилегија да бидам поврзан со Скудерија Ферари. Тоа ми отвара многу можности во наредната година. Возбуден сум за мојата улога и што можам да учам од неа.

Како дете бев на трката во Абу Даби во 2009 година и имав среќа што еден наш пријател работеше во Ферари и ја видов гаражата. Сега ова е исполнување на сонот.

Да се биде дел од Ферари академијата веќе три години е нешто што можам да го тргнам од листата на работи што ги сакам – изјави калум.

Илот смета дека одговорностите во Ферари сеуште не се предадени, но се надева дека ќе има повеќе тренинзи оваа сезона. 

Сеуште се работи на обврските, но во моментов ќе имам работа во симулатор и можеби неколку тренинзи, но со болидот од 2018 година.

Очигледно поголемиот дел од викендите ќе се обидувам да се интегрирам во екипата и да учам од возачите. Ќе видиме што ќе се случи и какви можности ќе произлезат од ова. 

Илот беше дел од тестот на млади возачи со Алфа Ромео и изјави дека многу научил од нивниот резервен возач, искусниот полјак Роберт Кубица. 

Тоа беше одлично да се вратам во болидот. Ова е одлична патека за тест, со многу различни свиоци. Брзината на болидите е неверојатна одеднаш.

Имав можност да учам од Роберт Кубица кој е одличен за споредба. Секако сакаш уште повеќе да возиш, болидите и тимовите се неверојатни. Тоа е различен свет од кој би сакале да бидете дел во иднина. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ