Илот со нова шанса во Алфа, ќе вози на Пол Рикар

Откако одработе петочна тренинг сесија во Португалија, Калум Илот веќе добива и нова шанса да седбе во болидот на тимот, овој пат за време на Француското Гранд При на Пол Рикар.

Младиот возач на Ферари, инаку второпласиран во ланската Формула 2 тркачка серија, дебитираше во швајцарскито болид на Портимао на местото на Антонио Џовинаци. Тој годинава ќе биде втора реерва во екипата, доколку се појави потреба а тоа, а Роберт Кубица не е достапен.

По 60 минутив возење во Петок, Илот заврши со 17то време и четири десетинки побавен круг од Кими Раиконен во другаа Алфа. По крајот на тренинг сесиите, Фредерик Васур потврди дека следната шанса Калум ќе ја добие на Пол Рикар следниот месец.

имаме одличен однос и соработка со калум. тој верува во екипата, одлично работи со нас, опуштен е во болидот и навистина го ценам тоа што ни помага годинава.

доби прва шанса, веројатно пак ќе го вози болидот во петок, следниот пат ќе биде во франција каде верувам дека ќе му биде многу полесно.

сакаме да му ддеме неколку петочни сесии годинава, не обрнав многу внимание на неговото воење викендов затоа што беше како еден вид на загревање.

следните сесии ќе знаеме многу повеќе за него, но нема да настојуваме и да го “изгориме“. искрено, мислам дека до сега одлично се покажува – изјави васур.

Запрашан да појасни колку се тоа “неколку“ тренинг сесии колку што се планирани за британецот, Фред се пошегува дека тоа се помеѓу две и осум. Сепак, дополни дека прво треба да се одработи сесијата во Франција, а потоа ќе следува договор.

Алфа Ромео традицонално е одлично место за млади возачи, му дадоа шанса на Шарл Леклер во 2017 година, а следната и на Антонио Џовинаци, подготвувајќи ги за тркање. Но, за разлика од порано, од оваа сеона петочните тренинг сесии траат по 60 наместо по 90 минути.

годинава е и потешо од порано. ако се сеќавате во 2017 година имавме слични сесии со леклер, дури и со антонио во 2018 година и секогаш беше голем предизвик за нив. сезоанва е тешко затоа што сесиите се само по еден час.

тоа значи помалку време за возење, имате само по 2-3 кругови во првата серија, а потоа во следните серии по еден до два круга за да покажете што знаете и колку сте брзи.

порано не беше така, имаше време, имаше право на грешка, притисокот беше помал, немаше потреба за брзање, само требаше концентрација. на крајот сите се фокусирани на времето по круг.

секако дека ќе изгледате глупаво ако се судрите, но ќе изгледате глупаво и ако сте бавен, тешко е, но таква е формула 1 – дополни васур.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ