Илот ќе вози во Петок за Алфа Ромео

Тест возачот на Ферари, Калум Илот кој сега е втора резерва на Алфа Ромео ќе вози на првиот тест со тимот во Португалија. 

Илот, кој сезонава ќе се трка во ГТ ВЕЦ шампионатот за Ирон Линкс тимот ќе влезе во болидот на Алфа Ромео на првата сесија во Портимао, но не се знае кого ќе менува. Британецот се приклучи на редовната резерва Роберт Кубица како втор резервист на екипата.

Илот тестираше за тимот во 2019 година на Барселона и минатата сезона требаше да има тест со Хаас во Германија, тоа не се случи поради времето. 

Среќен сум што ќе се приклучам на тимот оваа сезона и им благодарам на Алфа Ромео и Ферари академијата за довербата која ми ја укажаа. Две сесии со тимот во последните две години се многу корисни за мене за да се подготвам за новата улога на резервен возач во Алфа Ромео Орлен. Со нетрпение чекам да почнам со работа со тимот – најави калум.

Илот заврши на втора позиција во Формула 2 минатата година зад Мик Шумахер кој сега вози во Хаас во Формула 1. Шефот на Алфа Ромео, Фред Васур, е задоволен од доаѓањето на Калум Илот во тимот. 

Задоволен сум со доаѓањето на Калум во тимот. Неговата авантура низ јуниорските серии е импресивна и тој е еден од најталентираните возачи во последните години. Работевме и претходно и секој пат имам добро мислење за неговата работна етика и не се сомневам дека ќе му помага на Роберт Кубица. Калум ќе има долга програма и со нетрпение чекаме да го видиме овој викенд. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ