Инвеститорите во Рич Енерџи сакаат да го спасат договорот со Хаас

Акционерите на Рич Енерџи се обидуваат да го спасат Договорот на компанијата за производство на енергетски пијалоци со Формула 1 тимот на Хаас, откако вчера на Твитер објавија дек адоговорот се раскинува поради лоши резултати на тркачката екипа.

Motorsport.com пренесува дека твитот бил напишан или авторизиран од Главниот извршен директор, Вилијам Стори, без знаење на инвеститорите во компанијата каде што очигледно постои различно гледиште на работите. Акционерите сакаат да ја заштитат својата инвестиција и брендот преку задржување на соработката со Хаас.

договорот не е прекинат, а вилијам нема овластување да го направи тоа. инвеститорите работат на расчистување на недоразбирањето, а компанијата работи вообичаено – изјавил неименуван извор од рич енерџи.

Џастин Кинг, таткото на Индикар и Формула 2 тркачот Џордан Кинг, е назначен да ја реши новонастанатата ситуација откако тој беше прв кој ја објави соработката помеѓу нив и Формула 1 екипата.

рич енерџи во моментов е главен партнер на хаас. не можам да коментирам дополнително на договорниот однос помеѓу двете страни затоа што се работи за доверливи деловни работи – изјави гунтер стаинер.

Логоата на Рич Енерџи се наоѓаат на вообичаените места на облеките во тимот, болидите и гаражата во Силверстон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ