Алфа Ромео започнува соработка со друг Ф1 тим во 2024

Бидејќи Алфа Ромео Заубер ќе стане фабрички тим на Ауди во 2026 година, италијанската марка избра да стане партнер на друга екипа од 2024 година и натаму.

Алфа Ромео ќе го напушти Заубер и ќе биде партнер со тимот на Хаас од 2024 година наваму, а моторите на Ферари на американскиот тим ќе бидат брендирани со името Алфа Ромео.

Спонзорството за титулата на Алфа Ромео и преименувањето на тимот на Заубер ќе заврши на крајот на 2023 година, при што оригиналното име привремено ќе се врати на гридот додека чека Aуди да го заврши преземањето на тимот во 2026 година.

Сепак, познато е дека Алфа Ромео сака да остане вклучена во Формула 1, како што изјави извршниот директор на компанијата Жан-Филип Импарато во Февруари, и оттогаш се договориле со екипата на Гунтер Стаинер на Хаас, чијшто сегашен спонзор Moneygram има слични бои на италијански производител на автомобили.

Двата тима моментално се клиенти на Ферари и добиваат компоненти, вклучително и погонски единици од тимот од Маранело, а според Motorsport.it, соработката ќе доведе моторот на Ферари во задниот дел на Хаас да биде означен како Алфа Ромео.

Објавувањето на договорот Хаас-Алфа Ромео се очекува за време на викендот за Големата Награда на Италија од 1 до 3 Септември.

Има преседан во историјата на Ф1 моторите да се менуваат за да одговараат на комерцијалните императиви. Претходниот деветгодишен ангажман на Заубер со едногодишни мотори на Ферари од 1997 до 2005 година ги именуваше како Петронас, во чест на малезиската енергетска фирма која го спонзорираше тимот во тоа време.

Дополнително, во последните три години од проблематичното партнерство на Ред Бул со Рено од 2016 до 2018 година, тие мотори станаа TAG Heuer, по распадот на односите меѓу француската фирма и екипата поддржана од компанијата за енергетски пијалоци.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ