Информациите на Макс биле клучни за Хонда

Масаши Јамамото од Хонда моторспорт, изјави дека информациите кои ги добивале од Макс Верстапен многу им помогнале во развојот на моторот. 

Кога се вратија во Формула 1, Хонда имаа доста проблеми поради слабиот мотор и беа критикувани од Фернандо Алонсо додека беа партнери со Мекларен во нивните први три години од враќањето во спортот. Јамамото не штедеше зборови за Верстапен. 

Нема што да кажам за неговите перформаси, Тој е брилијантен, Но не се само неговите перформанси, туку и информациите кои ни ги дава. Тој е неверојатно брз и дава многу точни и прецизни информации.

Го забрза нашиот развој во последните неколку години. Сите возачи на Ред Бул ни даваа информации, а посебно Макс – откри јамамото.

Јапонецот уживал во неговото време со Хонда иако на почетокот се мачеле со Мекларен, но подоцна дојдоа до титула. 

Освојувањето на титулата е најголемата работа. Секако не треба да се заборави трката во Австрија во 2019 година. Тоа беше посебно за сите нас. Уживавме и на Зандворт. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ