И покрај ограничувањето, Кеј најавува дека МЦЛ35М има новини

Техничкиот директор на Мекларен, Џејмс Кеј, открива дека успеал да вметне свежи и нови идеи и покрај ограничувањето на развојот и замрзнувањето на правилата во новиот МЦЛ35М болид на екипата за претстојната тркачка сезона.

Тимот од Вокинг беше прв кој го претстави својот нов пакет, дигитално, преку социјалните медиуми, директно од својот Технолошки центр во Вокинг. Секако дека огромен дел од болидот е исти како ланскиот секако дека има ревидирани делови со цел да се вметне моторот на Мерцедес, но и да се испочитуваат новите аеродинамички правила, преправки со цел да се намали потисната сила и притисокот врз гумите.

Клучно за тимот зимово беше да се инсталира новиот мотор на Мерцедес откако три години користеа агрегати од Рено, но Кеј најави дека и покрај тоа неговите дизајнери работеа напорно да ја подобрт аеродинамката на болидот, особено концептот на носот кој беше променет во вториот дел на минатата сезона.

работевме сериозно на аеродинамиката, а новите правила секако дека отворија свежи можности во други области, така што болидот изгледа малку поразлично од ланскиот.

има новини на него, предниот дел од регулаторна гледна точка не е променет, но има развој таму ако се погледне во детали, а тоа ќе продолжи и во текот на сезоната.

би биле наивни ако сметаме дека можеме едноставно да се адаптираме на промените на правилата и да продолжиме да се тркаме. сигурен сум дека сите ќе притискаат силно, а ние сакаме да го сториме истото – најави кеј.

Тој откри дека работата која ја направил тимот со моторот на Мерцедес била доста обемна особено поради тоа што архитектурата на агрегатот на Мерцедес е таква што турбината и компресорот се одвоени, цџелосно различно од Рено.

секоја инсталација на мотор е тешка и сложена. нема некоја насока како се инсталира мотор, сите се различни димензии, имаат различни компоненти кои влијаат на архитектурата на самиот болид. моравме да го испочитуваме процесот на хомологација на деловите и да не смениме ништо што не смееме да го смениме, а притоа да го влкопиме моторот во шасијата која ја имаме.

секако дека има некои делови кои треба одново да ги хомологираме и тоа ни дозволи да промениме дел од шасијата што секако дека моавме со нов мотор, нови батерии, менувач и се останато. тоа направи дополнителни потешкотии во нашата работа, но не направивме голем компромис.

Покрај обемната и темелна работа која била потребна, Кеј е импресиониран од тоа колку добро осмислен е нговиот мотор на Мерцедес кој ќе го користат.

моторот на мерцедес е многу среден, на него се работело со многу детали и со многу внимание. вистински пакет и поради тоа немавме големи проблеми при инсталацијата. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ