И покрај победата, Верстапен бара истрага од Ред Бул за лошиот старт

Холанѓанецот по бавниот старт ја врати својата позиција за да обезбеди удобна победа на Силверстон.

Макс Верстапен инсистира на тоа дека Ред Бул мора да ги анализира своите стартови откако ја загуби позицијата од Мекларен-от на Ландо Норис на првиот свиок од Големата Награда на Велика Британија.

Лидерот во шампионатот во Ф1 беше принуден да се брани од третопласираниот Оскар Пиастри во вториот Мекларен, откако имаше бавен старт.

Верстапен успеа да се опорави и да го врати водството во петтиот круг со едноставно претекнување во Бруклендс, на крајот обезбедувајќи ја својата шеста победа последователно.

Двократниот шампион рече:

Имавме ужасен старт, па треба да видиме зошто се случи тоа.

Но дури и после тоа, двата Мекларен беа супер брзи, така што беа потребни неколку круга за да се помине Норис. Тогаш во еден момент успеав да ја намалам разликата и мислам дека се повторно изгледаше во ред.

Но, по безбедносното возило, на најмеките гуми наоколу овде ни беше малку понезгодно да ги одржиме.

Значи, разликата остана околу три до три и пол секунди. Се разбира, многу сум среќен што победивме повторно. Единаесет победи по ред за тимот, тоа е прилично неверојатно, но не беше едноставно.

Понатаму, осврнувајќи се на неговиот лош старт, Верстапен, кој сега води пред тимскиот колега Серхио Перез со 99 поени на врвот на табелата кај возачите, додаде:

Во четвртокот имав малку дрифтинг и се чувствував како да го направив тоа и на стартот, беше многу лошо.

Ќе го разгледаме тоа бидејќи мислам дека последните неколку стартови беа многу подобри, ова не беше толку добро.

Тоа ја направи трката малку повозбудлива. Ландо навистина не беше агресивен, но потоа всушност се врати со ДРС, имаше многу темпо.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ