И покрај трката без поени, Ферари се убедени дека многу напредувале

Тимскиот шеф на Ферари, Фредерик Васур, откри дека и покрај тоа што неговата екипа го напушта Мелбурн без ниту еден поен, напредокот во однос на претходната трка е огромен.

Италијанската екипа имаше огромно разочарување на Гранд При трката во недела, Шарл Леклер имаше контакт и ја заврши трката по само неколку кривини, додека Саинз одлично возеше и претекнуваше, но по вториот рестарт доби казна од 5 секунди за предизвикување инцидент, така што и покрај тоа што заврши на 4то место, казната го класифицираше како 12ти.

И покрај трката за заборав, Васур е задоволен што барем одбиле одговори за нивната форма и ритам по лошото Саудиско Гранд При каде назадуваа поради проблем со најтврдата компонента.

секако дека сме разочарани од резултатот, но се на се мислам дека имавме позитивен викенд затоа што направивме огромен напредок во перформанси на трка и само ќе се надоградуваме за настаните кои следат во сезоната.

мислам дека чеокор напред ни беше и тоа како присоен. бевме фрустрирани по квалификациите затоа што не стигнавме онаму каде што сакаме, но ритамот на трка беше драстично подобар – посочи французинот.

Фокусот на тимот веќе е кон Азербејџан и Гранд При трката низ улиците од главниот град на државата, настан кој ќе се случи во текот на последниот викенд овој месец.

тоа е што е во моментов, мораме да ги извлечеме позитивните работи и да се надоградиме за следните трки. имавме силно враќање по џеда и ритамот беше добар. карлос успеа да извлече перформанси од болидот и одлично напредуваше низ поредокот по првото црвено знаме.

Запрашан за можни новини за трката во Баку, тој посочи дека можно е да не донесат ништо поради фактот што спринтот носи дополнителен ризик.

баку е викенд каде ќе иа спринт трка, така што ќе биде различно, но ние имаме новини за цела сезона.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ