И Рено не сакаат замрзнување на моторите

Фабричкиот тим на Рено се согласува со Ферари против замрзнувањето на развојот на моторите од 2022 година. 

Оваа идеја ја промовира Ред Бул кои треба да најдат партнер по откажувањето на Хонда. Тимот е јасен дека сака да се забрани развојот бидејќи тоа ќе предизвика големи трошоци за нив доколку го направат тоа што го сакаат, да го превземат моторот од Хонда и самите да го произведуваат.

Пред трката во Имола, Сирил Абитебул изјави дека тие нема да го подржат ваквиот план за забрана за развој на мотори. 

Доколку ме прашавте пред неколку месеци кога напредувавме со помал буџет и се обудувавме да ги држиме под контрола трошоците за шасијата ќе го подржев ова. тогаш Ред Бул и Хонда беа против тоа и ние го прифативме.

Сега имаме различен пат. Од тогаш работиме на новиот мотор и не се согласувам со забраната. Немаме намера да запреме бидејќи ова е важна платформа за нас – појасни сирил.

Кристијан Хорнер од Ред Бул е свесен дека ривалите нема да го подржат планот и бара инволвирање на ФИА.

Мислам дека се гледа сопствениот интерес и работа на регулаторот и ФОрмула 1 е да ја види големата слика. Загубивме произвидетел каков што е Хонда што се лоши вести. Ред Бул сака да го превземе проектот, но не може да ги поднесе трошоците.

Мислам дека ФИА и Формула 1 треба да го видат ова. Не може да се носиме со големите фабрики. Верувам дека тоа ќе се случи во наредните недели. 

Абитебул смета дека главниот фокус на Рено е правилата за моторите кои ќе важат во иднина.

Треба да најдеме решение за иднината на моторите и нивната одржливост. ЗБоруваме за среднорочни и долгорочни планови за идните мотори, а не за замрзнување на развојот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ