Кадровски промени во Скудерија, но повторно прават исти грешки

Лоран Мекис ја напушти својата позиција пред неговата нова улога како тимски шеф на тимот АлфаТаури.

Ферари потврди дека Лоран Мекиес ја напуштил функцијата тркачки директор пред Големата Награда на Белгија.

Мекиес ќе стане тимски шеф на АлфаТаури следната година како дел од новата менаџерска структура, вклучувајќи го и Питер Баер, по пензионирањето на крајот на сезоната на Франц Тост.

Иднината на Французинот е непозната од објавата на почетокот на оваа сезона, а двете страни преговараа за датумот на објавување.

Но, пред последната трка пред летната пауза, Скудерија најави итно заминување на Мекиес, а негова замена како нов спортски директор ќе биде Диего Иверно.

Времето на Лоран Мекиес во Скудерија Ферари завршува оваа недела – се вели во соопштението.

Тркачкиот директор нема да биде во Белгија и тој го напушта тимот по четири и пол сезони, за кое време тимот освои седум победи.

Целиот тим му се заблагодарува за големиот придонес во тие години.

Почнувајќи од Големата награда на Белгија, дел од должностите на Лоран на ѕидот од боксот ќе ги извршува Диего Иверно, кој ја презема улогата на спортски директор.

Тој ќе биде одговорен за сите спортски прашања, како и за врските со ФИА. Иверно е ветеран член на Скудерија кој работеше во Маранело во последните 23 години.

Заедно со неговите колеги на ѕидот од боксот, Матео Тогнинали, шеф на инженерството на патеката и Равин Џаин, стратег на трката, тој ќе одговара директно до тимскиот шеф Фред Васур.

Очигледно во Ферари не ја научија лекцијата до сега, дека долготраен вработен во тимот не треба да се постави на челни улоги поради сличности во филозофијата и начинот на размислување.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ