Калум Илот влегува во ГТ програмата на Ферари

Тест возачот на Ферари, британецот Калум Илот, ќе учествува во ГТ трки возејќи за Ферари оваа тркачка сезона. 

Британецот не успеа да дојде до место во Формула 1 откако ја заврши минатата Формула 2 сезона ан второ место, но сепак ќе добие некакво искуство како тест возач на Ферари со Формула 1 болид.  

Во Понеделник, производителот објави дека тој ќе учествува во некои спортски настани покрај обврските во Формула 1., но целосната програма сеуште не е објавена. 

Ферари е присутен во ГТЕ Про категоријата во ВЕЦ и нивните четири возачи се веќе потврдени. Претходникот на Илот, Антонио Џовинаци, исто така беше активен во другите серии се додека не доби место во Формула 1 кај Алфа ромео. Како и Џовинаци, Илот ќе добие неколку петочни тренинг сесии пред трките. 

Илот требаше да го има своето деби на Т1 во Нурбугринг во Октомври со Хаас, истото беше откажано поради лошото време. Претходно тој тестираше Формула 1 со Ферари и Алфа Ромео. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ