Камилиери: Имам целосна доверба во Биното и тимот

Сред се почести шпекулации околу иднината на Матиа Биното како тимски шеф во Ферари, Извршниот директор, Луи Камилиери, ги појасни нештата.

Една од најлегендарните екипи во спортот поминува низ најлошиот период, а Маранело е во криза откако експериментот со Биното очигледно се покажа како неуспешен, но Камилери има доверба и го изјави следното:

Имам целосна доверба во Матиа Биното и тимот. Резултати нема да го докажат мојот став, но потребно е време. За жал, во минатото имало премногу притисок и луѓето биле отпуштани. Јас ставам крај на тоа.

Тоа што ни е потребно е стабилност и фокус. Ако погледнете кон Ред Бул и нивниот период на победи, Мерцедес денес, освен талент, една од клучните работи е нивната стабилност, тоа недостасува во нашиот тим. Ако погледнете кон периодото со Жан Тод, Михаел Шумахер, Рос Браун и сите тие момци, им беа потребни шест години да станат феноменалниот победнички тим.

Сакам да има стабилност и покрај неверојатниот притисок над тимот, особено од италијанските медиуми, кои некогаш знаат да бидат брутални, бараат отпуштања, но тоа не е решението. Тоа не значи дека нема да воведам некои новини и ресурси во постоечкиот тим. Ќе биде потребно време, културата во организација не се менува преку ноќ.

Се надевам дека во 2021 година ќе успееме да се подобриме. За 2022 година, новите правила започнуваат и секогаш кога има голема револуција во техничкиот дел, тоа дава можност за тим како нашиот. Тоа е нашата надеж. Го имаме талентот, работната етика и посветеност да стигнеме таму и убеден сум дека ќе се бориме повторно – вели камилиери.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ