Камилиери најавува поголем буџет во Ферари

Ферари ќе го зголеми својот буџет за престојната сезона со цел конечно да ги победи Мерцедес и да освои титула.

Славната италијанска екипа беше моќна на почетокот на минатата година, но возачки и тимски грешки на крајот му ја донесоа победата на Мерцедес што значеше нивна 5та последователна двојна титула.

По смртта на Серџо Маркионе во текот на летото, Главен извршен директор на компанијата стана Луи Камилиери, додека Претседателската функција ја превзема Џон Елкан.

во 2018 година стигнаме до нашиот најдобар резултат од последната титула и секако дека во 2019 година имаме за цел да одиме чекор подалеку, односно да победиме.

повторувам, цел за оваа сезона ни е да станеме шампиони така што ќе имаме зголемени инвестиции за да стигнеме до таа цел – изјави камилиери.

Италијанските медиуми педантно пресметале дека ланскиот буџет на црените бил 430 милиони евра, 20-тина милиоин помалку од она што на располагање го имале шампионите од Мерцедес.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ