Камилиери: Неизбежно е Себ да го загуби привилегираниот статус

Главниот извршен директор на Ферари, Луис Камилиери, смета дека е неизбржно Себастијан Фетел да го загуби привилегираниот статус на возач број еден во тимот од малдиот и ултра брз Шарл Леклер.

Италијанците ја почнаа сезонава со Фетел како јасен возач број еден, а Биното експлицитно најави дека “нерешените“ ситуации тимски ќе бидат решавани во корист на поисксниот возач. Но, Леклер не губеше време и веднаш почна моќно и одработи одлична прва сезона во Ферари, така што во моментов возачит ево Маранело имаат еднаков статус.

јасно е дека перформансите на шарл имаат голем удел во нашите одлуки и тоа е неизбежно кога сте светски шампион и млад возач доаѓа и има феноменална сезона крај вас. леклер има огромен талент и ги надмина и своите, а и нашите очекувања и многу добро ни покажа за што е способе.

сударот во бразил минатиот месец беше кошмар, но ситуацијата е средена и понекогаш ви треба криза за да поставите здрави темели.

следува период во кој матиа ќе биде во многу подобра ситуација да ги менаџира возачите затоа што многу добро сфатија колку зезнаа и каква глупост направија – појасни камилиери.

И шефот на екипата, Биното, појасни дека ја почнуваат сезоната со еднакви возачи, но во зависност од резултатите, ситуацијата може да се промени во текот на сезоната.

возачите ќе ја почнат сезоната на исто ниво, но тимот секогаш е приоритет. ако во сезоната дојдеме до момент во кој еден од нив двајцата ќе има предност во првенството, секако дека ќе направим проценка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ