Камилиери не се откажува од титула

Главниот извршен директор на Ферари, Луи Камилиери, сеуште е убеден дека тимот од Маранело може сериозно да нападне за титула оваа тркачка сезона.

Првиот оперативец на компанијата ова го вели и покрај тоа што иако имаа одличен предсезонски тест, загубија од Мерцедес на првите четири трки кои сребрените ги издоминираа со 1-2 стил. Токму поради лошото издание од почетокот на годината, италијанците се решија предвреме да го донесат моторот кој го планираа за во Канадат и втората спецификација ќе ја возат викендов во Барселона.

само огромниот труд и посветеност на сите во екипата да притиснат со цела сила за да го надоместат заостатокот овозможи да го забрзаме планираниот развој – изјави матиа биното во својата изјава со која го потврди доаѓањето на новиот мотор.

Италијански Auto Moto известува дека на своите болиди во Барселона, Ферари ќе користат и нанопартикуларна боја која е полесна од обичната и има помало триење.

Камилиери призна дека резултатите сезонава се под амбициите и целите, но убеден е дека тоа ќе се промени.

ги имаме сите неопходни елементи и ресурси да предизвикаме сериозно за титула и да ја освоиме истата.

имаме двајца извонредни возачи и одличен шеф на тимот. обединети сме и решени, талентирани и мораме да дадеме максимум за да конечно стигнеме до целта.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ