Камилиери: Ферари е заглавен во дупка

Главниот извршен директор на Ферари, Луис Камилиери, смета дека Скудерија во моментов е заглавена во дупка и смета дека само макотрпна работа може да им се исплати и да ги врати на вистинскиот пат.

Италијанците имаа ново разочарување, овој пат на своето домашно Тосканско Гранд При организирано по повод нивната 1000та трка во Формула 1, но Шарл Леклер едвај стигна до 8мо место, а Себастијан Фетел освои само поен. Секако дека на ваков јубилеј присутни на патеката беа и Извршнио директор Камилиери како и Претседателот Џон Елкан.

знаете, во моментов се наоѓаме во дупка и тоа го знаеме. истото е поради многу фактори, но што и да кажам ќе звучи како оправдување, а ние не сакаме така да звучи.

она што е важно е да се фокусираме на проблемите кои ги имаме и да работиме напорно со решителност затоа што само така можеме да се вратиме онаму каде што знаеме дека ни е местото – најави камилиери.

Тој е свесен дека замрзнувањето на голем дел од моторот како и на голем дел од шасијата ќе бидат голем проблем во нивниот напредок за следната година, но насочени се кон драстино намалување на овогодинешниот заостаток пред целосно новите правила во 2022 година.

реално ќе биде многу тешко следната година да сме драстично подобри оваа. во формула 1 секогаш се борите со времето на патеката и во однос на развојот, а никој нема магично стапче. ќе ни треба време и јас се надевам на поголема флексибилост во правилата за следната година за да ни се дозволи барем да направиме чекор во однос на тоа до каде сме.

капа доле за мерцедес, прават извонредна работа и ќе видиме како ќе бидат во 2022 година со новите правила, дали навистина ќе биде ресетирање за сите, ние на тоа се надеваме.

Главната прослава на Скудерија беше во Фиренца, оддалечена 40-тина километри од Муцело во Сабота навечер.

мислам дека ферари и формула 1 се две неразделни работи. не може да се замисли нити формула 1 без ферари нити пак ферари без формула 1.

во спортот сме откако тој постои, други доаѓале и заминувале, но ние секогаш сме биле тука. тоа создава историски притисок за нас и поради тоа се надеваме дека ќе бидеме во формула 1 и следните 1000 трки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ