Канада: Верстапен до 100та победа за Ред Бул, Албон херој на денот

Макс Верстапен стигна до нова победа и 100та за екипата на Ред Бул на Големата Награда на Канада, следен од Фернандо Алонсо кој искусно го декласираше Луис Хамилтон.

Британецот мораше да се задоволи со трето место, иако ништо не се знае за неговото небезбедно испуштање од бокс, за кое заслужи да добие казна.

Макс Верстапен ја освои својата шеста победа во 2023 година и 100та за Ред Бул во Формула 1.

Тоа беше релативно лесна победа за холанѓанецот додека Алонсо загуби позиција и мораше да го претекне Хамилтон на патеката по лошиот старт. Сепак, шпанецот покажа кој е поискусниот од двајцата.

Од друга страна, двете Ферари стигнаа до првите пет позиции, искористувајќи го моментот со виртуелното безбедносно возило, што беше малку помогнато кога Џорџ Расел удри во ѕидот и мораше да се соочи со оштетувањето.

И покрај возењето да се врати во трката, неговиот инженер на Мерцедес му пренесе да го повлече болидот поради значително оштетување на сопирачките.

Алекс Албон реално беше херој на денот и стигна до солиден пласман на 7мо место и најмногу поени за Вилијамс од второто место на Расел на Големата Награда на Белгија во 2021 година.

Неговиот тимски колега Логан Сарџент беше единствениот друг болид кој се откажа откако мораше рано да застане со проблем.

Следуваат повеќе вести во утрешниот ден.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ