Канада, Т2: Мерцедес најбрзи во сесија со пороен дожд

Луис Хамилтон беше на врвот на вториот тренинг на Гранд При на Канада и Мерцедес постигна пласман на првото и второто место.

Хамилтон беше најбрз во сесијата со време од 1:13.718.

За време на продолжената Т2 сесија, со квалификациската симулациска програма на Мерцедес седумкратниот светски шампион и тимскиот колега Џорџ Расел беа најбрзи од сите возачи.

Сесијата помина со голем ветар во текот на истата, но на крајот буквално се споија небо и земја и последните 5 минути поминаа со поројни дождови, особено во свиокот 10 каде наместо Ф1 болид, посигурно би било со кајче.

Карлос Саинз заврши на третото место за Ферари, пред Фернандо Алонсо од Астон Мартин и Шарл Леклер.

Ред Бул заврши на шестото и осмото место, Макс Верстапен беше побрз од Серхио Перез, а Валтери Ботас се најде измеѓу двајцата возачи.

Ленс Строл беше деветти, а Пјер Гасли 10ти за Астон Мартин и Алпин, соодветно.

 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ