Канада, Т3: Верстапен најбрз, Саинз го уништи болидот

Макс Верстапен постави неверојатен репер пред очекуваните влажни квалификации со најбрзо време во услови на силен дожд на последниот слободен тренинг за Големата Награда на Канада.

Возачот на Ред Бул постигна најбрз круг од 1:23.106 на сет од интермедиа пневматици, 0.291 секунди побрз од кругот на Шарл Леклер од Ферари.

Фернандо Алонсо и Кевин Магнусен не можеа да постигнат време под 1 секунда од времето на Верстапен во тешки услови, но обезбедија оптимизам за силна грид позиција за Астон Мартин и тимот на Хаас.

Карлос Саинз беше петти најбрз, но ја заврши прерано сесијата за Ферари, излетувајќи во свиокот 1 и удирајќи во бариерите прво со предниот, па потоа и со задниот дел од својот болид.

Шпанецот исто така се соочува со истрага за блокирање на возачот на Вилијамс во два наврати, Алекс Албон.

Возачот на Алпин, Пјер Гасли, заврши шести пред Ленс Строл, Јуки Тсунода и Валтери Ботас, додека Луис Хамилтон беше најбрз за Мерцедес на 10та позиција.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ