Капито верува дека сударот во Абу Даби го забавил Латифи

Шефот на Вилијамс, Јост Капито, верува дека сударот на Николас Латифи на ланското Гранд При во Абу Даби имал ефект врз возењето на канаѓанецот.

Сударот на Латифи го реши шампионот во борбата која траеше цела сезона, по што тој беше мета на напади и жестоки критики на социјалните медиуми. Тој откри дека дури најмил и лично обезбедување за да некој од онлајн заканите не станат реални.

моравме да продолжиме да му даваме самодоверба, му кажавме дека тој ништо не погрешил, дека се е во ред, но јасно е дека му беше тешко затоа што беше крајот на сезоната. не беше со нас во фабриката и на патеката секој ден и поради тоа не се мешавме многу во тоа што се случува.

потоа ги ислучи своите профили на социјалните мрежи, а мислам дека ако ние повеќе се мешавме, ќе ја направевме ситуацијата полоша. тој беше во состојба да мора самиот да преброди нешто, беше свесен дека ја има поддршката од нас и ние цеосно бевме свесни дека тој ништо не погреши – посочи шефот и главен извршен директор на вилијамс, јост капито.

Во пресрет на оваа сезона, 27-годишникот посочи дека ги оставил настаните од Абу Даби зад себе, но има тешка сезона, неубделиви перформанси и единствен е кој нема топ 10 пласман годинава. Капитоа верува дека перформансите на возачот сезонава се последица од ланските настани.

сударот како секој судар, нема потреба да се случи, но кога се тркате нормално е да имате и судар. никогаш не сме обвиниле возач за некаков судар, затоа што ако не сакате инциденти, седете дома и не се тркајте.

мислам дека како последица на сударот му требаше време повторно да стане конкурентен, сигурен сум дека влијаеше на неговото возење, така чувствувам јас и убеден сум дека и кај него е така. јас целосно го разбирам и поради тоа многу го поддржувам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ