Капито разочаран: Глупаво ми е да зборувам за пожарот кај сопирачките

Главниот извршен директор и тимски шеф на Вилијамс, Јост Капито, откри дека едноставен процедурален проблем е виновен за пожарот кај сопрачките кој го уништи вториот ден тестирање во Бахреин.

Британците загубија речиси цел ден откако во својот 12ти круг се запалија задните оспирачки на Латифи, пожарот изгоре дел од суспензијата, по што возачот се паркираше, а дефектот беше преголем за да се поправи дента. Тимот дотогаш имаше силна предсезона и изгледаше различно од неконкурентиот Вилијамс од претходните години, а за проблемот Капито не сака ни да разговара.

мислам дека 95% е јасно што беше. да кажеме дека беше процес кој е премногу комплициран и тоа доведе до гррешка. се работи за многу мал проблем кој донесе многу голем дефект, така што ми е глупаво и да разговарам за тоа – посочи разочараниот германец.

Како реултат на речиси целиот загубен ден, тимот реши да ја промени својата програма за последниот ден, ЛАтифи возеше во Сабота наутро за да надомести за загубеното, а потоа болидот го превзема Албон за попладненвиот дел.

Латифи ќе вози утрото и ќе го заврши денот, а албон меѓу него, по паузата за ручен, тогаш алекс ќе работи симулација на квалифиакции затоа што го нема пробано тоа. така ќе завршат со речиси исти број на кругови.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ