Капито сериозно смета и на Сарџент за место во тимот

Тимскиот шеф на Вилијамс, Јост Капито, откри дека Логан Сарџент, штитеникот на екипата, се ставил самиот во комбинација за возачко место следната година.

На големо се зборува дека Вилијамс сакаат да го замена неубедливиот Николас Латифи со младиот возач на Алпин, Оскар Пиастри, кого за почеток би го позајмиле. Но, Сарџент има одлична форма во Формула 2, победи во Бахреин и Австрија, а беше 3ти низ Баку. Американецот не беше на препознатливото ниво во Франција иако освои пол позиција, но во моментов е 3ти во шампионатот.

Доколку освои титула, американецот повеќе нема да има можност да се трка во Формула 1 и Вилијамс ќе мор да најде ново место за него.

тоа ќе биде голема главоболка за нас, но може да биде и лошо, вака сме импресионирани од него. тој е во својата прва годин во формула 2, нема никаков притисок над него, има време да се развие и навистина не импресионира со својата брзина во болидот, менаџирањето на гуми и резултатите.

начинот на кој стигна до пол позиција во франција беше импресивен и сигурен сум дека ќе има формула 1 место во иднина, убеден сум во тоа – посочи капито.

Сепак, шефот на екипата посочи дека сеуште е многу рано да се прават било какви проценки и планови за Сарџент.

како прво му требаат поени на супер лиценцата, а за тоа му треба топ 5 финиш во шампионатот на крајот на годината, што во моментов е на добар пат да го направи.

но, работите може многу брзо да се сменат и поради тоа е многу тешко да се донесе рано некоја одлука во текот на формула 2 сезоната се додека истата не зврши. тоа е дел од стратегијата.

Тимот веќе одработе еден тест со дебитант возач годинава откако во Шпанија му го доверија болидот на Ник де Врис од Мерцедес, така што Капито навести дека вториот тест може да му припадне на Сарџент.

очигледно е дека можеме да му дадеме петочен тест на сарџент иако не сме разговарале до сега за тоа. нашата младинска академија одлично работи и имавме три добри резултти во последно време од сарџент.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ