Кеј: Мерцедес се многу храбри со својот концепт

Мерцедес сеуште се мачи да го реши проблемот со својот овогодишен болид, но техничкиот шеф на Мекларен, Џејмс Кеј, го пофали тимот од тоа што имал храброст да одбере смела насока и дизајн буквално без странични делови.

Актуелните прваци сеуште работат на тоа како да извадат перформанс од својот болид кои знаат дека ги имаат, а Кеј верува дека иновацијата носи голем вредност без оглед на крајниот резултат.

“капаа доле“ за нив што донесоа толку иновативно решени со многу смела интерпретацијата на правилата и што имаа храброст да го следат својот концепт. мислам дека е одлично што имаме таква разноликост затоа што во пресрет на оваа сезона голем дел од луѓето се грижеа дека ќе имаме многу слични болиди.

како што се гледа, страничните делови најмногу се разликуваат помеѓу болидите, а мерцедес одбраа екстремно решение. сите бевме изненадени кога ги видовме, но одлично е да се види дека екипа има храброст за толку голема иновација – посочи кеј.

“Сребрените стрели“ сеуште не се наградени за својата иноваија и кративност, иако В13 имаше евидентен напредок во Шпанија, но потоа се врати на големиот заостаток зад Ферари и Ред Бул во Монако.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ