Кеј очекува Ред Бул да бидат многу внимателни поради казната

Техничкиот директор на Мекларен, Џејмс Кеј, очекува Ред Бул да бидат далеку повнимателни претсојната година во однос на развојот на својот болид поради казната која ја добија за претерано трошење во 2021 година.

Лани ревизијата на ФИА заклучи дека “биковите“ за 1,8 милиони долари го преминале ограничениот буџет од 145 милиони долари и за тоа беа казнети со 7 милиони долари и 10% намалување на дозволеното време за тестирање во воздушниот тунел. Со оглед на тоа што се шампиони и самото тоа им носи скусување на времето за тестирање, со применета казна тие ќе имаат на располагање само 63% од максимално дозволемите 400 часови, додека Ферари имаат на располагање 75%.

Главниот дизајнер на тимот, славниот Адриан Њуи, призна дека казната секако ќе им ја отежни сезоната, додека свое мислење понуди и неговиот колега од Меклаен.

сигурен сум дека ќе бидат далеку потпретпазливи и внимателно ќе си поставуваат приоритети и цели. со ограниченото трошење, намалување на дозволеното време за тестирање во воздушен тунел е голем удар и треба преголема претпазливост.

имате буквално помала можност за развој и за да држите чекор многу добро треба да ги одредувате приоритетите и да немате никакви грешки во развојот кој ќе ве забават. едноставно, морада се адаптирате и да извлечете максимум од ситуацијата.

следната година веројатно ќе пренесат дел од тоа што го научиле сорестрикциите и ќе стант многу поефикасни, проблемите ќе ги натераат на тоа. секако дека е негативно и не може да се работи исто со 10% скусено време, но да видиме како ќе се снајдат и прилагодат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ