Кими изненаден што сеуште е последен шампион на Ферари

Кими Раиконен својата возчка титула ја освои возејќи за Скудерија Ферари во 2007 година, но зачуден е што екипата сеуште нема освоено наслов од таа година.

Финецот дојде до својата шампионска круна опбедувајќи го тогаш моќниот тандем на Мекларен, Луис Хамилтон – Фернандо Алонсо за само еден поен. Раиконен е задоволен од своето постигнување, но тоа не менува ништо во неговиот живот освен перцепцијата на останатите за него.

секако дека е убаво затоа што титулата е причина за која сите доаѓаме и се тркаме. за жал еден победува секоја година, а во историјата има многу возачи кои често освојувале титули.

отсекогаш сакав титула, а кога го постигнав со ферари беше дефинитивно прекрасно. но, на хартија е поубаво одошто некаква разлика во животот мој. лушето можеби поинаку гледаат на мене поради таа титула, но кај мене нема ништо сменето – појаснува кими.

На крајот од 2009 година тој го напушти Маранело по што две години паузираше од Формула 1, а по враќањето повторно возеше за Скудерија и тоа од 2014 до 2018 година. Од неговиот наслов, ниту еден возач нема освоено титула за тимот, а тоа е нешто што е големо изненадување за 42-годишникот.

беа блиску до титули одтогаш, но кога си заминав од маранело кажав дека им посакувам се најдобро и се надевам дека наскоро ќе се промени нешто и ќе дојдат до титула, но тоа сеуште се нема слчено. кој да знае, можеби многу скоро ќе се случи.

Таа 2007 година не беше единствена кога Кими нападна за титула, но беше единствена во која на крајот победи, но не жали што останал на само еден наслов.

навистина ми е небитно. јас не би менувал ништо дури и да можам затоа што со било каква промена животот не би бил ист.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ