Кларксон и Хил за безмилосноста на Верстапен

Дејмон Хил, поранешниот Ф1 првак, смета дека безмислосниот пристап кон тркањето заедно со невидената желба за успех на Макс Верстапен го издвојува од неговите ривали.

Откако холанѓанецот го освои вториот наслов минатата година, тргна доминантно и оваа сезона и веќе победи два пати на првите две трки, а онаа на која не дојде до триумф, заврши на 2ро место. Неговиот РБ19 е класа за себе на гридот и се чини дека нема да има ривали годинава освен неговиот колега, Серхио Перез.

очигледно е дека е претерано брз, тоа му е талент, дарба, но никогаш не сум сретнал возач кој е толку гладен за успех како што е макс верстапен – посочи џереми кларксон, познатиот телевизиски водеител.

Хил смета дека карактерот на возачот на Ред Бул е сличен со оној на Формула 1 великаните Аиртон Сена и Михаел Шумахер.

мислам дека главна особина кај него е гладта за успех, со други зборови, кај него има никогаш незгасната желба да успее. тоа е начин на размислување кој веројатно за него е клучен, сличен како кај сен и шумахер и други кои се легенди на овој спорт.

но, кај него има и безмилосност која на многу луѓе и е тешко да ја разберат затоа што таква особина е себична во секојдневието и непожелна, но не и во тркањето. во спорт каде целта е да се победи, тоа е клучно, а тој го има тоа.

мислам дека таа особина му е наследена од мајка му која е картинг шампион и се тркаше на високо ниво, но татко му јос е поранешен формула 1 возач кој се погрижи дека макс ќе порасне под одредени услови, ќе стане свесен за одредени работи. факт е дека ако стигнете до формула 1, победата мора да ви биде приоритет секогаш.

Кларксон посочи дека Макс не сака само да победи туку да ја уништи конкуренцијата,

џеда беше класичен пример, тргна од 15то место, возеше брилијантно и заврши на 2ро место, а потоа беше разочаран дека не победил. било кој друг ќе беше задоволен со такви издание.

погледнете го перез на последната трка, тргна од боксот, се проби до 5то место и беше задоволен од тоа. макс никогаш и под никои услови не би бил среќен со 5то место.

ментално е посебен. да, луис хамилтон е многу конкурентен, исто како и шарл леклер, но верстапен ма некоја безмилосност која не ја гледам кај никој друг. тој е сериски победник и се додека ред бул му даваат сериозно брз болид, тој нема да престане да победува.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ