Коронел: На Ред Бул им треба сериозен план за да го задржат Макс

Напуштањето на Хонда од Формула 1 значи дека Макс Верстапен можеби ќе сака да замине од Ред Бул и да премине во Мерцедес во походот кон шампионска титула.

Тоа е теорија на холандскиот тркач, Том Коронел, кој настапува во ТЦР Европа заедно со нашиот Виктор Давидовски, а кој вели дека единствениот фокус на Верстапен ќе биде да најде вистински пакет со најдобри шанси за титула. Плановите тоа да го стори со Ред Бул можеби целосно исчезнаа откако Хонда го најави своето заминување.

Многу е едноставно, ако Ред Бул сакаат да го задржат Макс, тогаш ќе мора да имаат сериозно добар план. Макс секогаш ќе го сака најдобриот пакет, со кој ќе може да стане шампион. Тоа е неговиот единствен фокус.

Фокусот не е кон заработувачката, Тој сака да стане светски шампион.

Моментално Ред Бул не го имаат најдобриот пакет, а создавање на нешто со различен снабдувач на мотори трае долго. Сите знаеме кој е најдобриот пакет во моментов. Дали може да премине во Мерцедес? Не зависи од мене. Знам дека Макс е еден од двајцата најдобри возачи во Формула 1. 

Сите знаат дека двајца може да ја освојат титулата, Луис и Макс. Како тимски шеф, дали би се осмелиле да ги ставите еден покрај друг? 

На Мерцедес не им се потребни Ред Бул, тие веќе имаат шампионски тим. Рено немаат победено самостално, им треба друга екипа за да победат. Нова соработка со Рено е очигледна. Мислам дека Сирил ќе се насмее на тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ