Кој е по читањето нека повели – 10 книги со Ф1 тематика

Формула 1 во периодот додека трае пандемијата нема да има и додека некои наоѓаат утеха во гледањео филмови, за оние кои се по читањето, постојат одлични книги со Формула 1 тематика. Листата од десет наслови кои препорачуваме е следна, а секако дека Амазон е одлично место за да се набават овие наслови.

Murray Walker: Unless I’m Very Much Mistaken – Murray Walker

Еден од омилените ликови во моторспорт во своето неколку децениско искуство има собрано голема колекција ангдоти и приказни во врска со ѕвездите од падокот Ова автобиографија содржи приказни за неверојатната кариера на Вокер во и надвор од Формула 1.

The Unknown Kimi Raikkonen – Kari Hotakainen

Ледениот човек е последниот во Формула 1 од кого се очекуваше да издаде овластена биографија, но во 2018 година тој го стори тоа. Вообичаено некомуникативниот финец им дозволи на читателите да ѕирнат во неговиот приватен живот со дотогаш невидени фотографии кои го прикажуваат неговото патешествие до врвнаа моторспорт серија. Не се работи за врвно писателско остварување, но кога е од Кими – доста е.

A Different Kind of Life – Virginia Williams

Вирџиниа Вилијамс дава поинаква перспектива на семејниот Формула 1 тим. Раскажува за славни моменти на кои е горда, но не ги крие и проблемите кои се случуваат во семејството, особено по несреќата на Френк.

Total Competition – Ross Brawn and Adam Parr

Многумина сметаат дека ако се најдат во позиција на тимски шеф ќе знаат како да раководат со врвна тркачка екипа, но по оваа книга ретко кој ќе го исли тоа за себе. Заедно со врвната комплексност на една екипа, Адам Пар го носи своето искуство во Формула 1 стратегијата налик на целосна војна која има за цел да ги надитри противниците.

Niki Lauda: To Hell and Back – An Autobiography – Niki Lauda

Книгата е издадена на почетокот на оваа година во вид на аудио биографија која мора да се исслуша за да се разбере Ники Лауда како човек кој не е само тркач. Неговиот живот е неверојатен поради начинот на кој надминува тешки повреди за повторно да победува.

Chequered Conflict: The Inside Story on Two Explosive F1 World Championships – Maurice Hamilton

Иако мина повеќе од една деценија, шампионатот во 2007 година се памети како контроверзен. Морус Хамилтон во оваа книга ја споредуваа таа година со 1986 која беше последна во која тројца возачи имаа шанса за титула во пресрет на поселдната трка. Од дебитантскат сезона на Луис Хамилтон до аферата Спајгејт, се е дел од оваа книга.

The Mechanic’s Tale – Steve Matchett

За најдобро да дознаете што се случува зад сцената во Формула 1, најдобро е да прашате механичар. Стив Мачет се присетува на неговите подеми и падови како дел од тркачкито циркус во 1990-тите години од минатиот век и ја открива далеку од гламурозната работа која се врши секој викенд. Ова е вистинско потсетување што е тоа моторспорт и дека има многу повеќе од само возачи кои се херои на крајот на денот.

Jackie Stewart: Winning is Not Enough – Jackie Stewart

Шкотскиот моторспорт херој има многу Формула 1 прикани за раскажување за 1960-тите и 1970-тите години кога беше активен и дава одлично видување во психологијата во едни многу опасни времиња за тркање. Неговиот живот по крајот на тркачката кариера беше исто толку интересен и раскажува за времето додека стрелал глинени гулаби до деловната кариера подоцна која му донесе победнички менталитет.

My Greatest Defeat: Stories of Hardship and Hope from Motor Racing’s Finest Heroes – Will Buxton

Збирка на приказни од зад сцената во моторспортот како и врвовите на возачите и проблемите со кои се соочувале. Од судари и повреди од семејни несреќи. Овие приказни се емотивен преглед на тоа што тркањето може да го стори. Со интервјуа на Алекс Занарди и Себастијан Леб.

Life to the Limit: My Autobiography – Jenson Button

Џенсон Батон не беше сметан за конкурент во 2009 година кога освои титула, а во неговата долга тркачка кариера се има спротиставено на многу легенди. Тој има фантастични приказне, но оваа автобиографија е посветена на татко му, омилен лик кај многумина во падокот, Џон Батон. Нивниот однос се протега низ целата книга.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ