Кравиц: Недоследноста на ФИА го исфрустрира Саинз

Коментаторот и аналитичар на британски Sку, Тед Кравиц, објасни дека недоследноста во примената на правилата е она што го фрустрирало Карлос Саинз по неговата казна на Гранд При на Австралија.

Возачот на Ферари го изврте Фернандо Алонсо во првиот круг од второто рестартирање, по што Саинз доби казна од пет секунди. Казната, заедно со фактот дека трката заврши под безбедносното возило, го спушти од четвртото на 12то место. 28 годишниот возач беше бесен на резултатот и го замоли неговиот тим да му дозволи да зборува со стјуардите по трката.

Говорејќи за Sky Sports F1, Кравиц рече:

Тој беше во солзи, ако го слушате тимското радио на крајот од трката.

Мислам дека поентата на Саинз беше тоа што беше прв круг, каде што секогаш има малку повеќе попустливост и ако ме казниш за тоа, тогаш треба да го казниш и Ленс Строл што удри во мојот тимски колега, иако тоа не се случи.

треба да го казниш Пјер Гасли што удри во Естебан Окон, што всушност не беше по негова вина, бидејќи тоа беше тркачки инцидент затоа што Гасли не го виде Окон. Тоа беше поентата на Саинз, дека постои фундаментална недоследност.

Тимскиот шеф на Ферари, Фред Васур, го критикуваше процесот на одлучување од страна на ФИА, велејќи дека треба да одвојат време за инцидентите. Кравиц истакна дека Саинз сакал одлуката да биде донесена откако ќе разговара со стјуардите и со Алонсо.

Мислам дека тој го изразува тоа доста силно, но беше емотивен, можете да разберете зошто и што е најважно, тие не слушнаа што имаше да каже. Сакаше да оди кај стјуардите, да објасни што се случува, да зборува со Фернандо.

Но, ќе зависеше дали Саинз сè уште беше на таа позиција и дали беше среќен Фернандо, бидејќи ако Фернандо беше сè уште на подиумот и Карлос 4то место, тогаш мислам дека Фернандо немаше да се согласи.

Но, ако одлучеа да го промовираат Хулкенберг по рестартирање на третото црвено знаме, сепак ќе го имавте лутиот Фернандо кој ќе го уништеше Саинз и ќе речеше дека заслужува казна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ