Крофт ги оправдува Луис и Тото што не се појавиле на доделувањето на наградите

Главниот коментарот за Формула 1 на Скај, Дејвид Крофт, ги правда Тото Волф и Луис Хамилтон што не биле присутни на доделувањето на наградите од страна на ФИА на посебно организиран настан за таа цел.

Мерцедеџ потврдиај во Четврток дека се повлекуват од можноста д асе жалат на одлуките на стјуардите од Абу Даби, но и дека шефот на екипата и главнито возач нема д асе појават на церемонијата организирана од страна на ФИА. За Хамилтон, тоа е прекршување на спортскиот правилник и веројатно ќе следува парична казна.

не сум изненаден што хамилтон се чувствува така како што се чувствува, а и на тото волф што го направи тоа што го направи. се чувствуваат како да им е одземена титулата и тоа им ја уништи прославата на историската осма последователна конструкторска титула.

јас сметам дека е добро тоа што тото волф и луис хамилтон одбраа да не присуствуваат на настанот организиран од фиа.

зошто да одат и да седат таму кога сеуште имаат силни емоции од тоа што се случи во неделата во абу даби? зошто да одат на настан каде ќе се доделуваат наградите? не би ме чудело и ако решат да се одморат од спортот некое време – смета крофт во своето интервју за матичната скај спортс ф1.

Всупност, загриженоста дека Хамилтон нема да биде дел од падокот следната сезона станува се поголема, а и самиот Волф потврди дека не може да гарантира оти седумкратниот првак ќе се врати на гридот следната година. Сепак, Крофт смета дека Хамилтон ќе се одмори и ќе собере сила за да биде во гаражата во 2022 година.

ќе мине време, ќе се одмори од патеката и од секојдневните формула. обврски и ќе го промени своето мислење и сметам дека и тото и луис ќе ги видиме во бахреин на тестот и првата трка. луис ќе биде на гридот, тото ќе биде во гаражата и ќе планира уште една шампионска сезона за својот возач и тим.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ