Култхард: Малите инциденти покажуваат дека Хамилтон е под притисок

Поранешниот Формула 1 возач и победник на трки, а сегашен стручен коментатор, Дејвид Култхард, е изненаден од бројот на малите инциденти кои ги имал Луис Хамилтон сезонава.

Возачот на Мерцедес во моментов се бори за насловот со Макс Верстапен и заостанува 6 поени во однос на холанѓанецот на исто толку трки до крајот на сезоната. Двајцата неоклку пати имаа блиску дуели, па дури и излетувања во досегашниот дел од сезоната, нешто што Дејвд смета оти е поради тоа што Хамилтон чувствува притисок за својот 8им наслов.

имаше голем број на инциденти сезонава, но некако успева да се извлече од сите. дали тоа беше моментот кога заврши во песокот во имола, кога ја допре бариерата и се врати или пак кога удри во ѕидот во боксот во русија неодамна и речиси да не го оштети болидот.

неверојатно е како по такви инциденти речиси и да не заостанува, но сето тоа покажува дека тој е под голем притисок – смета шкотланѓанецот.

Неговиот поранешен колега, сегашен дел од Формула 1 тимот на бртиански Канал 4, Марк Вебер, се сложува со Култхард и дополиелно ги посочи Баку и Будимпешта.

луис е во феноменална борба со макс. излета веднаш по рестарот во баку, а во будимпешта стартуваше сам, сите влегоа по гуми за дожд. ништо од тоа не лични на него, никогаш тој не прави такви грешки – посочи вебер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ