Култхард откри зошто не го сака Фетел

Дејвид Култхард се отвори и објасни зошто има репутација дека не го сака Себастијан Фетел.

Шкотланѓанецот дури од беше запрашан од Брита Роске, задолжена за комуникациите на Себ со медиумите, зошто е секогаш толку критичен кон четирикратниот првак. Годинава само по една трка за Астон Мартин, Култхард побрза да го критикува Фетел дека не е повеќе истиот. Сезонава Себ на моменти бележи одлични резултато со Астон Мартин, два пати дури беше и второпалсиран, иако еднаш дисквалификуван.

Запрашан зошто е толку нељубезен со германецот, Култхард посочи дека подобро е Себ да се фокусира на своето возење наместо да се жали дека човекот кого го заменил во Ред Бул во 2009 година не е добар кон него.

резултатите и постигнувањата на себ се исклучително добри. во првиот дел од својата кариера, тој освоуваше титули сосема заслужено, со чиста брзина. за време на неговиот престој во ферари, тој не беше истиот, така продолжи и во астон мартин.

никогаш не ми кажал оти смета дека не сум добар кон него, но брита, задолжена за односите со медиуми, двојката која ја знаев од ред бул, неколку пати ми посочи дека не сум добар со себастијан, а јас и кажав дека тоа што таа го гледа, не го гледам јас.

јас само го кажувам тоа што го гледам, тој беше побавен од својот колега во ферари, а во астон е на исто ниво со колегата. кога победуваше, го фалев дека е неверојатен и дека е како машина, но кога губи е разочарувачки.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ