Култхард очекува посилен Леклер

Дејвид Култхард очекува Шарл Леклер да биде уште подобар кога ќе научи да се справува со грешките. 

Леклер ја вози својата петта сезона во Формула 1 и четврта во Ферари. Од почетокот на оваа сезона тој има конкурентен болид и може да се бори за титулата. На почетокот на сезоната имаше голема предност во возачкиот поредок и беше на првата позиција, но сега е втор зад Верстапен со 80 поени заостаток. 

Култхард не е изненаден од грешките на Леклер. 

Не сум изненаден бидејќи тој е таков. Уште од Азербејџан во 2019 година кога удри во ѕид во шиканата и изјавуваше дека е глупав.

Тој расте пред целата јавност и има огромен притисок врз него бидејќи ги претставува Ферари. Тоа е посебна приказна. Кога ќе престане да прави грешки ќе биде многу голем возач – посочи шкотланѓанецот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ