Култхард очекува Хамилтон да излезе посилен по губењето на титулата

Дејвид Култхард го подржа Луис Хамилтон откако тој се разочара по губењето на титулата оваа сезона. 

Хамилтон водеше во текот на трката во Абу Даби, но при крајот се појави безбедносно возило кое му помогна на Верстапен со нови гуми да го престаса британецот во последниот круг. Шкотланѓанецот очекува во текот на зимата Хамилтон да се среди и да се врати посилен наредната сезона. 

Обврската на Хамилтон е неоспорена. Тој покажа зошто е седумкратен шампион, Тој е феномен и неверојатен спортитст. Има уште две години активен договор и е обврзан кон тимот.

Следната година ќе се потруди да ја освои осмата титула. Мислам дека му треба внатрешен мир затоа што Сигурно е разочаран. тој е одличен возач со многу титули и победи. Фантастичен пример на спортист. Да, тој можеше и сакаше да победи и докажа колку е брилијантен. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ