Култхард: Ред Бул се осетливи на критики

Поранешниот Формула 1 возач и сегашен стручен коментатор и аналитичар, Дејвид Култхард, смета дека Ред Бул се доста осетливи на критики.

Ред Бул доминираше оваа сезона и ги освои двете титули на неколку трки пред крајот, но претрпеа доста критики откако беше објавено дека го надминале лимитираниот буџет за 2021 година. 

Можам да замислам како им е на Ферари во Италија секој ден. Очигледно Ред Бул и Кристијан се осетливи на критики бидејќи си ја сфаќаат работата лично. Медиумите на различен начин ги пишуваат работите.

Јас ја гледам Формула 1 од страна на возач и имам различни мислења од останатите. Доколку ги гледате само тие што се согласуваат со вас и зборуваат убави работи, тогаш замижувате пред реалноста. Мислам дека и Мекларен и Мерцедес се осетливи, но го прифатија поразот – посочи шкотланѓанецот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ